Top Sport

Ватерполо драма – Хрватска-Русија 25:24, на ОИ во група со Србија и Црна Гора!

Ватерполо репрезентацијата на Хрватска по седми пат едноподруго се пласираше на Олимписките игри откако во неверојатен меч против Русија по регуларните 32 минути беше 11:11, по што следуваа фантастични 15 серии пенали за конечна 25:24 победа.

Во првите 14 серии имаше само две утки, пред Бијаќ да му одбрани на Шепелев, а Врлиќ да погоди за олимписка победа на квалификацискиот турнир во Ротердам.

Откако загубија во полуфиналето од Црна Гора, на Хрватска и беше потребна победа против Русија за освојување на третото место. Тие водеа во текот на првата четвртина и имаа два гола предност, но Русите не се предваа до крај.

За Хрватска ова е седми последователен настап на Олимпијадите, каде што освоиле злато во Лондон во 2012 и две сребра  (1996 и 2016).

По ова, ждрепката за Олимпијадата ги постави Хрватите во Б групата, „групата на смртта“ каде што се и Србија, Црна Гора, Австралија, Шпанија и Казахстан. Во групата А ќе играат Јужна Африка, САД, Унгарија, Грција, Јапонија и Италија.

Scroll to Top