Top Sport

ВБА нареди меч Усик-Дубоа

ВБА боксерската федерација му „нареди“ на шампионот Олександер Усик да ги брани своите ИБФ/ВБА/ВБО титули во тешка категорија против задолжителниот предизвикувач, Британецот Даниел Дубоа. Тие добија рок од еден месец за да договорат меч кој би се одржал до 2 мај.

Ова доаѓа откако Усик не успеа да се договори со ВБЦ шампионот, Тајсон Фјури за обединување на титулите во тешка категорија поради несогласување околу поделбата на парите.

Постоеше опција Украинецот да се соочи со Дионтеј Вајлдер, кој минатата недела беше прогласен за прворангиран предизвикувач од ВБА федерацијата. Наместо тоа за противник би го имал 25-годишниот Дубоа, 19-1, 18 нокаути, моќен противник кој последните години доби репутација на еден од најбруталните тешкаши на светот.

Scroll to Top