Top Sport

Гвардиола избегна казна за контроверзните прослави против Ливерпул

Пеп Гвардиола нема да одговара за неговото однесување за време на дербито против Ливерпул и прославите пред противничките играчи, а наместо тоа „црвените“ може да се казнети за опкружување на судијата.

Сити стигнаа до голема 4:1 победа над Ливерпул во меч во кој Гвардиола бизарно го славеше израмнувачкиот гол на Хулијан Алварез во лице на Костас Цимикас, по што се ракуваше со Артур Мело. Овој гест донесе многу критики иако Каталонецот инсистираше дека не се работи за провокација. Фудбалската асоцијација (ФА) се согласува и нема да го казни Гвардиола.

Ливерпул, пак, се соочуваат со обвинение за моментот кога нивните играчи го опкружија судијата Сајмон Хупер барајќи црвен картон за Родри по неговиот старт над Коди Гакпо.

Scroll to Top