Светскиот боксерски совет (ВБЦ), една од најголемите професионални боксерски федерации објави креирање на нова тежинска категорија „бриџер“ (bridgerweight) во чест на едно од најхрабрите деца во историјата, Бриџер Вокер.
Шестгодишниот Бриџер во јули стана славен откако ја одбрани својата мала сестра од напад на бесно куче и доби 90 конци на својот образ и потоа се правдаше: „Ако некој требаше да умре, тоа требаше да бидам јас“.
ВБЦ набргу го прогласи Бриџер за „почесен светски шампион“ и му додели појас, а сега тој добива и своја категорија. Бриџер категоријата (bridgerweight) ќе биде вметната меѓу крузер категоријата (cruiserweight) од 200 фунти (90.71 килограми) и тешката категорија (над 200 фунти), и ќе има ограничување од 224 фунти (101.6 килограми).
Иронично, најголем кандидат за да биде прв шампион во новоизмислената категорија е поранешниот тешкаш Дионтеј Вајлдер, кој го загуби тешкашкиот ВБЦ појас од Тајсон Фјури во февруари.