Светскиот боксерски совет (ВБЦ) нареди дуел на двајцата британски тешкаши Тајсон Фјури и Дилијан Вајт за одредување на тоа кој ќе биде предизвикувачот за ВБЦ појасот на Американецот Дионтеј Вајлдер.
„Џипси Кинг“ Фјури веќе имаше еден меч со Вајлдер на 1 декември 2018 година во интересно реми, по кое Американецот ја заддржа титулата. Претседателот на ВБЦ, Маурисио Сулаиман вели дека 30-годишниот Фјури мора да го „заработи“ своето место во боксерската елита преку меч со Вајт.
„Кога пропаднаа преговорите за ри-меч меѓу Вајлдер и Фјури, ВБЦ се враќа на старата конвенција, и сега победникот од дуелот Вајлдер-Фјури ќе мора да има задолжителен меч со Доминик Брезил. Прво Вајт и Фјури нека го имаат својот меч за еден од нив да стане задолжителен предизвикувач“, вели Сулаиман.
Вајлдер треба да ја брани титулата против Брезил на 18 мај во Њујорк, додека Фјури се подготвува за меч со Германецот Том Шварц во „МГМ гранд гарден“ во Лас Вегас на 15 јуни.