Американската ветеранка Венус Вилијамс ќе го има 24. настап во сингл на Вимблдон откако 43-годишната Американка доби вајлд-карта за гренд слемот на трева во Лондон.
Вилијамс е петкратна шампионка од Вимблдон и беше финалист во 2017, две децении по нејзиното деби. Као 697. на ВТА листата, Вилијамс ја победи 48-рангираната Камила Џорџи со 7:6(5)/4:6/7:6(6) во понеделникот на Бирмингем класик турнирот, за прва победа над топ 50 тенисерка по четири години.
Помладата сестра на Венус, Серена Вилијамс е седумкратна шампионка на Вимблдон, каде што лани се пензионираше по поразот во првото коло.
Покрај Венус, вајлд-карти добија и Украинката Елина Свитолина и Британките Хедер Вотсон и Кејти Бултер, додека кај мажите вајлд-карта доби четврт-финалистот од 2019 и 2022, Белгиецот Давид Гофан.
Вимблдон почнува на 3 јули.