Top Sport

Венус губеше 1-4 и 0-4 и ја победи Кудерметова

Венус Вилијамс ова лето наполни 43 години, но и понатаму е врвна тенисерка. Таа со 6:4 и 7:5 ја победи Вероника Кудерметова, моментално 16. на ВТА листата.

Вилијамс оваа година не одигра многу натпревари. Таа играше во Окленд на почетокот на сезоната и се враќаше само за натпреварите на трева. Таму победи само на еден меч, а сега успеа да оствари уште еден важен триумф. Вилијамс пред се покажа дека се уште може да игра тенис на врвно ниво или барем одвреме-навреме на крајот од кариерата да игра врвна партија.

За два часа и три минути ја доби Кудерметова. Тоа беше меч со многу брејкови. Вероника водеше со 4:1 во првиот сет, а потоа загуби пет гема за 1-0 во сетови од Венус. Во вториот сет Кудерметова повторно стартуваше подобро. Таа водеше со 4:0, но до крајот на сето едвај зеде уште еден гем.

Вилијамс моментално е 553. на ВТА-листата, а нејзин следен ривал ќе биде подобрата од мечот меѓу Женг и Саснович.

Scroll to Top