Top Sport

Весели е „пеницилин“ за Ѓоковиќ – Медведев од понеделник нов број 1

Чехот Јиржи Весели го подобри скорот против Новак Ѓоковиќ на 2-0, откако успеа со 6:4/7:6(4) го совлада Србинот во четврт-финалето на Дубаи шампионатот и така гарантираше Русинот Данил Медведев (кој игра во Мексико), да се искачи на првото место на АТП листата од понеделник.

По двете релативно лесни победи во Дубаи, се очекуваше Ѓоковиќ да има лесна задача против 123-рангираниот Весели, но Чехот беше „загреан“ за победа од почеток.  Тој направи брејк уште во првиот гем од мечот, но Ѓоковиќ се врати во четвртиот гем да израмни на 2:2, пред во маратонскиот седми гем Весели пак да направи брејк за да го освои првиот сет.

Во вториот сет, Весели пак направи брејк за 4:3 водство, но Србинот се врати за драматично израмнување, пред да „колабира“ во тај-брејкот.

Данил Медведев на 28 февруари ќе стане третиот Русин кој бил светски број 1, по Евгениј Кафелников и Марат Сафин, прекинувајќи ја рекордната низа на Ѓоковиќ од 361 недели на врвот на листата, вклучувајќи ги последните 86 недели.

Медведев исто така е првиот тенисер покрај Ѓоковиќ, Роџер Федерер, Рафаел Надал и Енди Мареј кој е на првото место на АТП листата по Енди Родик на 1 февруари 2004 година.

Scroll to Top