Top Sport

Ветерот направи хаос, Ван Ерт со втора етапна победа на ТдФ

Белгиецот Вут ван Ерт стигна до својата втора етапна победа на овогодишната Тур де Франс, откако ветерот направи хаос на седмата етапа од Милау до Лавар во должина од 168 километри во која дел од ривалите за победа во генерален пласман загубија време.

Ван Ерт предводеше група на велосипедисти за да ја донесе третата етапна победа на тимот на Џамбо-Висма и во исто време да помогне Петер Саган да се врати со зелената маичка како најдобар спринтер, додека Тадеј Погачар, Микел Ланда, Ричи Порти и Бауке Молема загубија време во борбата за жолтата маичка. 21-годишниот Словенец Погачар, загуби повеќе од една минута за да испадне од топ 10 и да ја загуби белата маичка како најдобар млад велосипедист.

Британецот Адам Јејтс (Мичелтон-Скот) успешно се избори за да остане со жолтата маичка со три секунди пред Словенецот Примож Роглич (Џамбо-Висма), додека Французинот Гијом Мартин (Кофидис) е трет со девет секунди заостанување.

Иако се очекуваше дека етапата ќе биде совршена за спринтерите, поголемиот дел од велосипедистите беа „заглавени“ на дното во првите 10 километри откако тимот на Саган, Бора-Хансгрое наметна френетично темпо. Ирецот Сем Бенет (Квик Степ) беше тие кои беа „фатени“ од нападот и Саган му ја зеде зелената маичка.

Ван Ерт сега ќе треба да биде помошник на колегата Роглич и петтопласираниот Том Думулин во саботната етапа на Пиринеите, која е прва од двете планински етапи во кои ќе се тестира кој може да биде победник во генерален пласман по една недела тркање.

Scroll to Top