Top Sport

(Видео) Алкараз го предаде мечот во Рио де Жанеиро

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го предаде мечот од првото коло во Рио де Жанеиро поради повреда на скочниот зглоб.

Вториот играч на светот го повреди зглобот, на самиот почеток, во вториот поен на дуелот со локалниот претставник Тиаго Монтеиро.

За да не ја влоши повредата, Шпанецот реши да се предаде по крајот на вториот гем.

Алкарас минатата сезона стигна до финалето на овој турнир, што значи дека ќе остане без 300 поени.

Утре ќе ги направам тестовите и ќе видиме дали е сериозно или не“, изјави Алкарас.

Инаку, Алкараз ја освои титулата во дебитантскиот настап во Рио во 2022 година, која лани не успеа да ја одбрани бидејќи беше поразен во финалето од Камерон Нори.

На АТП листата, тој има 535 поени повеќе од Јаник Синер, а на почетокот на наредниот месец треба да ја брани титулата на Мастерсот во Индијан Велс. .

Инаку, во следното коло Монтеиро ќе игра против сонародникот Фелипе Мелигени Алвеш.

Scroll to Top