Top Sport

(ВИДЕО) Алкараз и Медведев се пласираа во полуфиналето на УС Опен

Првиот светски рекет Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на УС Опен, каде ќе се сретне со Данил Медведев. Шпанецот со 3:0 во сетови го победи за нешто повеќе од два часа.

Алкараз го доби првиот сет со 6:3, во вториот беше уште поубедлив и на противникот му препушти два гема, а третиот го заокружи со 6:4.

Во полуфиналето го чека пресметка со рускиот тенисер Даниил Медведев. Третопласираниот во светот во четврт-финалето го победи својот кум и сонародник Андреј Рубљов со 3:0.

По сетови беше 6:4, 6:3, 6:4. Дуелот траеше два часа и 48 минути.

Многу поголем проблем од Рубљов, за Медведев беа неподносливите горештини во Њујорк, тешко дишеше во текот на целиот меч, неколкупати му беше укажана лекарска помош, но, сепак, успеа да слави против осморангираниот тенисер во светот.

Десеттиот гем од третиот сет, на сервис на Рубљов, траеше дури 15 минути, и двајцата беа пред колапс, а Медведев петтата меч-топка ја претвори во победа.

Инаку, Рубљов го крстел детето на Данило Медведев и така станале кумови.

Во другото полуфинале ќе играат Новак Ѓоковиќ и Бен Шелтон. Двата полуфинални дуели се закажани за в петок.

Scroll to Top