Top Sport

ВИДЕО: Алкараз се „испоти“ за пласман во осминафиналето на Вимблдон

Првиот носител, Карлос Алкараз обезбеди место во осминафиналето на тенискиот грен-слем Вимблдон откако по тешка битка во четири сета го совлада Николас Џари со 3:1.

Шпанецот го доби првиот сет со 6:3, но Џари докажа дека е сериозен ривал славејќи во тајбрејк во вториот. Алкараз одговори со ново водство од 2:1 во сетови, а Џари шансата ја пропушти во четвртиот сет, кога стигна до брејк и предност од 0-3, резултат при кој не реализираше две брејк шанси за 0:4. Алкараз успеа да се врати, а потоа и со нов брејк да триумфира со 7-

:5.

Во следната рудна, Алкараз ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Александер Зверев и Матео Беретини.

Scroll to Top