Каспер Асгрен е победник на 18. етапа на Тур де Франс, откако неговата лидерска група успеа да избега од главнат група во Бург-ен-Брес во етапа со која велосипедистите заминаа од Алпите, а главна тема беа допинг-тестовите на лидерот, Данецот Јонас Вингегард.
Вингегард остана со предност од 7:35 пред Словенецот Тадеј Погачар, но главна тема во француските медиуми беа сомнежите околу допингувањето, откако Вингегард ја уништи конкуренцијата во две клучни планински етапи. Тимот на Вингегард, Џамбо-Висма потврдди дека Вингегард имал четири анти-допинг теста последнит два дена, од кои еден пред стартот на вчерашнаата етапа.
„Нема проблем со тестовите. Ние дури побаравме Интернационалната велосипедска унија (УЦИ) да го прави тоа. Го сфаќам скептицизмот поради тоа што се случуваше во минатото и мора да има тестови“, вели Вингегард.
Во понеделникот, Вингегард ги уништи своите ривали во трката на хронометар од 22.4 километри правејќи разлика од 6 минути пред Погачар.
😱 The breakaway surprised the peloton and stayed ahead until the very last second. Relive the last KM ⤵️
😱 L'échappée a surpris le peloton et est restée en tête jusqu'à la dernière seconde. ⤵️#TDF2023 @Continental_fr pic.twitter.com/tnccWyIMSX
— Tour de France™ (@LeTour) July 20, 2023