Top Sport

(Видео) Ентони Џошуа со брутален нокаут ги урна надежите на Нгану, па го тешеше

По одличното издание со Тајсон Фјури, Френсис Нгану се обиде да се бори со уште еден врвен боксер, овојпат не помина добро.

Ентони Џошуа воопшто не го потцени Нгану кој во боксот дојде од ММА светот. Британецот беше максимално подготвен за овој меч и тоа го покажа на теренот.

Нгану двапати беше во нокдаун, еднаш во првата и еднаш во втората рунда. Веднаш по вториот нокдаун беше брурално нокаутиран од Ентони Џошуа.

Џошуа по мечот му порача на Нгану да продолжи со боксот и да не се откажува, но ќе видиме каков ќе биде потегот на славниот ММА борец.

Scroll to Top