Top Sport

(Видео) Јамал ја скрши Мајорка

Фудбалерите на Барселона ја победија Мајорка со 1:0 во првиот натпревар од 28. коло од шпанската Примера. Натпреварот на „Монжуик“ го реши вундеркиндот на Барселона, Ламин Јамал.

Браселона вложи многу труд да го пробие бедемот на Мајорка, чии гол брилијантно го чуваше Предраг Рајковиќ. Српскиот репрезентативец во 24.минута му одбрани пенал на Илкај Гундоган, а во финишот на првиот дел го одбрани ударот со глава на Фермин Лопез.

Мајорка изгледаше добро на почетокот на вториот дел, па ударот со глава на Муриќи заврши во гредата, додека на другата страна обидот на Јамал заврши на стативата.

Клучниот детал кој го реши победникот се случи во 73. минута, кога Јамал конечно успеа да го совлада голманот на Мајорка.

Барселона се врати на второто место во Примера со 61 бод, два бода повеќе со Џирона која има натпревар помалку.

Scroll to Top