Британскиот бенд „Coldplay“, имаше ен гостин на синоќешниот концерт во Цирих. Тоа беше Роџер Федерер,освојувач на 20 Грен слем титутли.
Крис Мартин и неговата екипа последните неколку недели се на европскиот дел од турнејата „Music of the Spheres“, неодамна одржаа концерти во Милано и Неапол, а во Цирих на сцената им се придружи најголемиот швајцарски спортист во историјата. .
Неговото појавување под рефлекторите за време на песната „Don’t Panic“ беше проследено со воодушеување кај публиката, а Федерер свиреше со бендот.
Федерер е еден од најомилените тенисери на сите времиња, а неговата популарност воопшто не е намалена по неговото пензионирање минатата година.
Швајцарецот сè уште држи бројни рекорди, вклучително и осум титули на Вимблдон. Токму овој рекорд ќе се обиде да го израмни Новак Ѓоковиќ годинава во Ол Ингланд клубот.