Top Sport

Зверев по вторпат обвинет за насилство над жени

Германската тениска ѕвезда, Александер Зверев повторно е обвинет за насилство кон жените, овојпат од Бренда Патеа, жената со која тој има ќерка, јавуваат германските медиуми.

Зверев беше под истрага на АТП за домашно насилство кон поранешната девојка, тенисерката Олга Шарипова, пред да биде ослободен од обвиненијата оваа година, кога асоцијацијата не пронајде доволно докази за дисциплинска постапка.

Овојпат, портпаролката на кривичниот суд во Берлин потврди за „РТЛ“ дека јавниот обвинител побарал истрага за Зверев, иако не се даваат детали за тоа какво е обвинението. Сепак, самата одлука на јавното обвинителство значи дека постојат докази за вина на 26-годишниот тенисер, а Патеа преку својот портпарол потврди дека се работи за „нанесување на физичка повреда“.

Scroll to Top