Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ „влезе во војна“ со публиката на Централниот терен на Вимблдон на мечот со Јаник Синер.
Најжестоко беше во третиот сет, во гемот, во кој Ѓоковиќ спаси две брејк топки.
Дел од публиката му пречеше додека се подготвуваше да сервира, а тој им одговори на оригинален начин – со „бришење солзи“, алудирајќи на тоа дека се тажни и плачат што успеал да ги „преживее“ брејк топките.
Доза на сарказам се почувствува во одговорот на Новак на прес-конференцијата, кога беше запрашан за таа ситуација.
„Леќата, апсолутно, во тој момент ми се заглави нешто во окото, видов дека камерата го сними, малку се растажив поради таа леќа, а климата е силна, ми се сушеа очите, малку ме болеше. Нешто ми влезе во окото, всушност, мило ми е што го препознаа тоа“, рече Ѓоковиќ.
View this post on Instagram
Можеби ова би можело да заврши во планираниот документарен филм за српскиот тенисер.
„Не знам, ќе видиме. Би сакал, како сè што се случува оваа година на слемовите. Ќе видиме во каков формат, разговаравме за тоа – дали како епизоди или како долгометражни филм – сепак ќе се договориме за тоа, но има материјал, фала богу“, рече Новак.
Новак во недела од 15 часот во финалето на Вимблдон ќе игра против Карлос Алкараз.