Top Sport

Струга шампионски се врати во Тетово, Скопје ќе игра бараж за опстанок со Вардар

Новокрунисаниот македонски шампион Струга, во дербито на претпоследното 32. коло во Првата лига, стигна до импресивна камбек победа од 1:2 на гости кај Шкендија во Тетово, додека Скопје по поразот од 4:0 на гости кај Тиквеш и 1:1 ремито помеѓу Брегалница и Академија Пандев, ќе игра бараж за опстанок во лигата со Вардар.

Мечот во Тетово започна со официјална честитка на Шкендија до новиот шампион со доделување на плакета, за по првото полувреме без голови, Аденис Шаља во 58. минута да ги донесе домаќините во водство. Меѓутоа, во 69. минута, Фљорент Рамадани доби црвен картон, за Струга да направи камбек со двата гола на капитенот Бунјамин Шабани во 79. и 84 за победа.

Во борбата на дното на табелата, на Скопје им требаше победа на гости кај Тиквеш и во исто време пораз на Академија Пандев кај Брегалница, но наместо тоа доживеаја катастрофален пораз, а „пандевци“ одиграа 1:1 кај Брегалница.

ПРВА ЛИГА, 32.КОЛО
Брегалница – Академија Пандев 1:1
Шкендија – Струга 1:2
Шкупи – Македонија Ѓорче Петров 3:0
Силекс – Работнички 2:0
Тиквеш – Скопје 4:0

Фото: ФК Струга

Scroll to Top