Top Sport

(ВИДЕО) Ига Швјонтек експресно ја мина првата пречка на Вимблдон

Најдобрата тенисерка на светот, Ига Швјонтек, имаше експресен старт на гренслем турнирот Вимблдон. Таа без проблеми ја совлада Лин Жу од Кина со 6:1, 6:3.

Полската тенисерка ја заврпи работата за нешто повеќе од еден час. Во првиот сет и дозволи само еден гем на противничката, додека во вториот Лин Жу освои три гема.

Во следното коло Швјонтек ќе игра со подобрата од дуелот меѓу Мартина Тревизан и Сара Сорибес Тормо.

 

Scroll to Top