Top Sport

Ракометарките останаа без вајлд-карта за СП

Женската ракометна репрезентација на Македонија не доби вајлд-карта од Интернационалната ракометна федерација за настап на Светското првенство. Иако имаат добар рејтинг во однос на ривалите, сепак, на крајот македонските ракометарки не добија шанса да бидат дел од СП.

ИХФ се одлучи вајлд-картите за учество на мундијалот да ги додели на Австрија и на Исланд.

Светското ракометно првенство во женска конкуренција ќе се игра од 29. ноември до 17. декември во Данска, Шведска и Норвешка.

Scroll to Top