Стартот на денешната 14. етапа на велосипедската трка Тур д’Франс беше одбележан со пад на неколку возачи, што доведе до повлекување на Јужноафриканецот Луис Мајнтес и краток прекин на трката.
Неколку минути по стартот, дваесетина велосипедисти паднаа во кривината на влажниот коловоз, меѓу кои и Мајнтјес, кој беше 13. во генералниот пласман.
Мејнтјес со возило на брза помош бил пренесен во болница, најверојатно ја ја скрши клучна коска. Од трката се повлече и шпанскиот возач Антонио Педреро.
Трката потоа беше прекината на дваесет минути за да им се помогне на повредените возачи.
Оваа 14. етапа се вози низ Алпите од Анмас до Морзине, со должина од 151,8 километри.
Да потсетиме, бранителот на титулата Јонас Вингегор е лидер во генералниот поредок, со предност од девет секунди пред Тадеј Погачар.
🇫🇷🚲 – La 14ᵉ étape du Tour de France à été neutralisé après une chute massive dans le peloton quelques kilomètres après le départ. #TDF2023 pic.twitter.com/c1e8QRcenu
— Hugo & Quentin | L’info des ados (@InfoHugoQuentin) July 15, 2023