Рускиот тенисер Даниил Медведев не можеше да се смири по поразот од Григор Димитров.
Медведев беше елиминиран од Мастерсот во Париз, во текот на натпреварот имаше расправии со судијата, но и со навивачите, а на крајот очигледно и покажа среден прст на публиката.
Тој беше прашан за тоа, а тој даде објаснување на конференцијата.
„Ги проверував ноктите, вака, ништо повеќе од тоа. Зошто би го направил тоа на прекрасната публика во Париз. Бев исвиркан. Не разбирам зошто, па не сакав да играм. Не сакав да играм додека не престанат. Но, публиката во Берси продолжи со свирежи. Кога го добив предупредувањето, се запрашав дали навистина сакам да бидам дисквалификуван и да го завршам натпреварот вака. Не, поради тоа продолжив“, рече Медведев.
“¿🖕? No. Estaba mirando mi uña. ¿Por qué le haría eso al hermoso público parisino?”
– Daniil Medvedev
— Set Tenis (@settenisok) November 1, 2023