Foto/ EPA
Италијанската скијачка Софија Гоџа денеска славеше во супервелеслаломот од Светскиот куп во Сент Мориц, Швајцарија.
Гоџа победи во првиот супервелеслалом сезонава со време од 1:16,63 минути.
Второто место и припадна на Корнелија Хутер од Швајцарија, која заостануваше 0,95 секунди од победничката, додека нејзината сонародничка Лара Гут-Бехрами беше трета со 1,02 секунди зад Италијанката.
Меѓу првите пет се најдоа Американката Микела Шифрин и Италијанката Федерика Брињоне.
Во генералниот пласман, во Светскиот куп лидер е Шифрин со 520 бодови, втора е Петра Влхова од Чешка со 391, а трета Гут-Бехрами со 385 бодови.
Во сабота во Сент Мориц на програмата е трката во спуст, додека во недела ќе се вози уште една трка во супервелеслалом.