Top Sport

(Видео) „Тајсон сцена“ во УФЦ: Го гризна ривалот па доби дисквалификација

Во „Ејпекс центарот“ во Лас Вегас се одржа нов УФЦ настан, а најголемо внимание привлече една од воведните борби. Противници во мува категоријата (до 57 килограми) беа Андре Лима и Игор Северино.

Борбата траеше до средината на втората рунда, кога мораше да биде прекината. За победник беше прогласен Лима поради дисквалификација на противникот. Причина? Северино силно го гризна за левата надлактица! За тоа сведочат видеата од кафезот.

Инцидентот најпрвин не беше регистриран, но по некарактеристичната реакција на Лима, борбата беше прекината, а потоа судијата немаше дилема како да реагира. Доказ имало и на кожата на Лима.

Овој инцидент потсети на легедарната борба меѓу Мајк Тајсон и Ивандер Холифилд. За среќа, за разлика од Тајсон 27 години претходно, Северино не успеа да го одгризе месото од својот ривал.

Лима победи на дебито во УФЦ и сега има 8-0 како професионалец. По победата тој замина во студио за тетовирање и се тетовира околу местото каде што беше каснат. Со тетоважата го прослави дополнителнителниот бонус од 25.000 долари што ги доби од победата со прекин. Пишува: „Бонус затоа што е..но ме каснаа!“

Дејна Вајт, претседателот на УФЦ, најави дека Северино ќе добие отказ од УФЦ по неспортскиот потегг, пренесува новинарот Кевин Аиоли. Овој бизарен пораз беше прв во кариерата на Северино (8-1) и останува да се види како ќе се развива неговата кариера.

Scroll to Top