Top Sport

(ВИДЕО) Трајковски постави нов македонски рекорд во скок во далечина

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски постави нов државен рекорд во скок во далечина. Атлетичарот кој живее во Данска, но настапува под македонско знаме, на митингот во Калитеа (Грција) забележа скок од 7,79 метри.

Досегашниот македонски рекорд исто така беше сопственост на Андреас Трајковски (7,60 метри), а го постави минатата година.

Андреас Трајковски заврши како четвртопласиран на митингот во Калитеа. Првото место му припадна на Муарил Сришинкар од Индија, кој прескокна 8,18 метри.

 

Scroll to Top