Top Sport

(Видео) Усик го нокаутираше Дубоа во контроверзен меч во Вроцлав

Пред 40 илјади фанови во Краков, Полска, Украинецот Олександер Усик остана светски шампион во тешка категорија, нокаутирајќи го британскиот предизвикувач Даниел Дубоа во деветтата рунда, откако претходно судијата контроверзно го казни Дубоа за удар под појасот.

25-годишниот аутсајдер Дубоа го прати шампионот на подот во контроверзната петта рунда, но судијата оцени дека ударот бил под појасот. По ова, 36-годишниот Усик ја врати контролата на мечот, пред со низа удари во осмата рунда да го прати Дубоа на подот, пред во деветтата рунда, судијата да го прекине мечот по уште еден нокдаун. Ова е втора одбрана на ВБА, ИБФ и ВБО титулите на поранешниот апсолутен шампион во крузер категорија, Усик, по што повторно го предизвика Тајсон Фјури во дуел за обединување на титулите.

„Подготвен сум за Тајсон Фјури. Се чувствувам фантастично, благодарен сум на мојот тим, моето семејство, моите деца. Благодарен сум на мојата земја и на украинската армија. Ви благодарам“, изјави Усик.

Усик и Фјури не успеаја да се договорат за мега-меч за четирите титули во тешка категорија, и Фјури ќе боксува со поранешниот УФЦ шампион, Френсис Нгану во егзибициски меч во Саудиска Арабија.

Scroll to Top