Top Sport

(Видео) Вингегард ја одбрани титулата од Тур де Франс и најави дека ќе оди на Вуелта!

Данскиот ас Јонас Вингегард ја одбрани титулата од Тур де Франс, најславната велосипедска трка на светот која денеска заврши на „Шам Елизе“ во Париз. Со огромна предност пред словенечкиот ривал, шампионот од 2020 и 2021, Тадеј Погачар, Вингегардд ја имаше осигурано круната пред послената етапа во Париз на 110. издание на трката.

Вингегард и неговите колеги од тимот на Џамбо-Висма се почестија со шампањско на патот до француската престолнина по тринеделната трка од 3.405 километри. Вингегард ја презеде контролата на трката на две клучни планински етапи, каде што го „скрши“ својот ривал Погачар и на крајот заврши со 7:29 предност.

Пред последната етапа, Вингегард потврди дека не ја завршува сезоната и дека ќе оди на уште една тринеделна трка, Вуелта Еспања.

„Се гледаме во Барселона на Вуелта. Ќе се обидам да одам на победа во генерален пласман, а тука ќе биде и Примож Роглич. Ние сме двајца лидери на тимот“, изјави Данецот.

Белгиецот Жорди Мојс е победник на последната етапа во фото-финиш пред Јаспер Филипсен, Дилан Греневеген и Мадс Педерсен.

Scroll to Top