Top Sport

(Видео) Во секој олимписки медал ќе има по 18 грама од Ајфеловата кула

Организаторите на Олимписките игри во Париз ги претставија медалите што ќе ги добијат натпреварувачите за успесите во француската престолнина.

Медалите ги дизајнираше познатата златарница Шомет, а она што ги прави посебни е нивниот централен дел.

Секој медал содржи 18 грама оригинално железо од Ајфеловата кула.

Точно 5.084 медали ќе има ова парче историја што се користело кога монументалната градба била подигната во 1889 година и собрана при нејзиното реновирање.

„Уникатен симбол на остварување на соништата. Крајната награда за победа или пласман на подиумот. Тие носат фрагмент од Ајфеловата кула во срцето”, стои во описот на видеото споделено на официјалниот профил на Олимписките игри.

Околу тој дел има зраци кои алудираат на прекарот Париз – градот на светлината. На рабовите ќе биде изгравирана дисциплината во која се натпреварувал спортистот.

Олимписките игри ќе започнат на 26 јули и ќе траат до 11 август.

Scroll to Top