Додека тенискиот свет е окупиран со случувањата околу светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ и забраната за влез во Австралија, руската тенисерка Наталија Вихљанцева смета дека не е фер што нејзе не и е дозволен настап на турнирот и покрај тоа што е вакцинирана. Проблемот е во тоа што таа ги примила вакцинините „Спутник“, кои не се „признаваат“ во оваа земја.
„Навистина сум вознемирена што не можам да бидам во Австралија со целиот тениски свет. Знам дека анонимно доделуваа медицински исклучоци, така што не можам да кажам што е исправно, но јас бев подготвена да играм и да ги поминам сите тестови“, вели Вихљанцева за „ИТВ“.
ВТА и понудиле друга вакцина, признаена во Австралија, минатата година, но таа ја одбила, сметајќи дека е доволно заштитена.
„Не е фер, бидејќи ние не сме не-вакцинирани, туку сме вакцинирани. Проблемот е тоа што решивме дека ‘Спутник’ е добра вакцина“, додава Вихљанцева.