По четири ипол часа борба, првиот светски тениски рекет синоќа го победи Матео Беретини со 3-1 и закажа полуфинале со Рафаел Надал на Ролан Гарос во Париз.
Легендарниот шведски тенисер, Матс Виландер ја коментираше победата на српскиот ас:
„Ѓоковиќ беше одличен во ритeрн, беше агресивен и врати голем број на топки во поле. Целиот меч не го испушташе својот сервис и на противникот не му дозволуваше брејк. Ме импресионираше“.
Шваѓанецот имаше коментар и за изливот на емоции на Ѓоковиќ по завршувањето на мечот.
„Емоциите на крајот – тие цело време ги држел во себе. Горд сум што сум дел од овој спорт, професионалните тенисери чуваат многу емоции затоа што поминале многу. Кога ќе ја видите таквата реакција на Ѓоковиќ – се е јасно. Тешко е да се биде тенисер во ек на пандемија“ смета Виландер.
Утре се играат полуфиналињата во машкиот дел од Ролан Гарос.
„Новак против Надал – ова е идеално сценарио. Кој и да победи на овој меч, во финалето ќе има страшно тешка задача против Циципас или Зверев, кои имаат голема шанса да дојдат до својот прв грен слем“ смета Швеѓанецот.