Top Sport

За Баерн играле дури 19 европски шампиони, во Јунајтед само двајца

Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен може да се пофали дека дресот на клубот досега го носеле дури 19 европски шампиони. Освен клупските играчи – Оливер Кан, Јирген Клинсман, Томас Хелмер и Марио Баслер кои беа дел од „Панцирите“ на ЕП 1996, шестмина кои настапувале за баварскиот клуб биле дел од селекцијата на Западна Германија која го освои пехарот на ЕУРО 1972 година.

Уште двајца беа членови на репрезентацијата која стана европски шампион во 1980 година (Карл-Хајнц Румениге и Валтер Јунгханс), додека тројца играчи на Баерн носеле дрес на друга репрезентација.

На второто место на оваа листа е Реал Мадрид со 16 фудбалери – европски шампиони, па следува Барселона со 15.

Високо на оваа табела котира и француски Бордо, тим кој даде петмина членови на шампионската генерација во 1985 година, но и четворица од ЕП 2000 година.

Што се однесува до Слован Братислава и оваа екипа е висока на ваквата табела пред се поради триумфот на Чехословачка на ЕП 1976 година.

Најзастапени клубови во кои матичната држава никогаш не го подигнала европскиот трофеј се Челси и Ливерпул, со по 5 фудбалери, додека Манчестер Јунајтед има само двајца, а и двајцата голмани – Петер Шмајхел (со Данска во 1992 година) и Фабијан Бартез (со Франција во 2000 година).

Scroll to Top