Расел Вилсон ќе стане најплатен играч во американската професионална фудбалска лига (НФЛ). Вилсон од неговиот тим Сиетл Сихокс ќе добие рекорден договор.
Во клубот се решиле на ваков чекор бидејќи постоела можност играчот да се пресели во редовите на Њујорк Џајантс.
Вилсон со Сиетл ќе потпише четири годишен договор, според кој ќе заработи 140 милиони долари.
Во договорот се вметнати клаузули за разни бонуси. Доколку ќе исполни бонусите квотербекот може да добие дополнителни 65 милиони долари.
Со 35 милиони долари годишна плата Вилсон ќе го надмине рекордот на Арон Роџерс од Грин Беј Пекерс.
Вилсон има 31 година, во редовите на Сихокс е од 2012 година. Тој во 20103 година го предводеше тимот до титулата во Супербоул.