Top Sport

Вимблдон ги исфрли руските јуниори

На руските и белоруските тенисери ќе им биде дозволено да се натпреваруваат на Вимблдон оваа година, но за разлика од минатата најголемиот тениски турнир во светот им ги затвори вратите на јуниорите кои добиваат стипендии од Руската тениска федерација или имаат руски спонзори.

Ова практично значи дека на Вимблдон нема да може да учествува ниту еден од најдобрите млади тенисери од оваа земја.

Ваквата нехумана одлука, да им забрани да се натпреваруваат на деца помлади од 18 години, ја донесоа Британците поради прописите според кои руските спортисти кои добиваат финансиска помош од државата треба да бидат спречени да се натпреваруваат.

Некој ќе рече дека професионалните натпреварувачи и децата не се исти, но во Лондон имаат свој став.

Оваа вест ја пренесуваат некои руски портали, но не наведуваат дали истата мерка важи и за белоруските јуниори.

„Идиоти!“, ја критикува одлуката на Вимблдон, Евгениј Кафелников, најдобриот руски тенисер во историјата. Во својата биографија има две Грен слем титули, олимписко злато од Сиднеј во 2000 година, а исто така е и поранешен број 1.

„Повеќето родители немаат доволно пари да ги финансираат патувањата на своите деца на турнирите“, дополни Кавељников.

Scroll to Top