Top Sport

Прашање на денот е кога Луис Суарез ќе ја заврши кариерата

Еден од најдобрите напаѓачи во последните 15 години, Луис Суарез, наскоро би можел да објави крај на кариерата поради неверојатни болки во коленото. Низ какви проблеми минува Уругваецот, откри претседателот на Гремио, Алберто Гера.

Луис Суарез на почетокот на годината реши да го напушти уругвајскиот Национал и потпиша за Гремио каде во претходните месеци ја воодушевуваше фудбалската јавност со своите фантастични настапи.

Сепак, пред неколку дена се појави информацијата дека, поради страшните болки што ги чувствува во коленото ќе ја заврши кариерата.

„Луис Суарез го достигна својот лимит. За да може да игра фудбал секој ден си дава инјекции и оди на специјални третмани поради ужасните болки што ги има во коленото. Тие болки не поминуваат и се постојани. Ситуацијата е многу сериозна и свесни сме дека би можеле да останеме без Суарез“, рече Гуера.

Од неговото доаѓање во Гремио, Суарез прерасна во првата ѕвезда на овој тим, искусниот Уругваец на 25 натпревари во досегашниот тек од сезоната успеа да постигне 11 гола и да додаде уште осум асистенции.

Лекарите го советувале дека е најпаметно да ја заврши кариерата бидејќи неговото колено повеќе не може да ги издржи сите напори и инјекции кои секојдневно ги добива.

Овој 36. годишен фудбалер остави неверојатен белег во светот на фудбалот, а најдобрите денови во кариерата ги помина играјќи за Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид.

Scroll to Top