Top Sport

Вимблдон ќе ги исфрли Русите и Белорусите

Тенисерите и тенисерките од Русија и Белорусија нема да добијат дозвола за настап на Вимблдон, тврди „Њујорк тајмс“. Вимблдон ќе биде првиот турнир кој ќе им изрече суспензија на тенисерите и тенисерките од овие две земји поради војната во Украина. Претходно Русија и Белорусија се исфрлени од Дејвис купот и Били Џин Кинг купот.

Новинарот на „Њујорк тајмс“, Крис Клери, ја објави информацијата повикувајќи се на висок функционер на Вимблдон, кој сакал да остане анонимен.

Тоа знечи дека Вимблдон ќе го пропуштат големи имиња на светскиот тенис: Данил Медведев, Андреј Рубљов, Анастасија Пављученкова, Арина Сабаленка, Викторија Азаренка, Карен Хачанов, Аслан Карацев…

Вимблдон, првата официјална прес конференција пред почетокот на турнирот ќе ја одржат на 26.април.

Најпрестижниот тениски турнир во светот ќе започне на 27.јуни.

 

Scroll to Top