Откако ја загуби титулата во средна категорија од Исраел Адесања, австралискиот УФЦ борец Роберт Витекер продолжува да ниже победи.
Со едногласна одлука на судиите синоќа го победи Американецот Келвин Гастелум на УФЦ ЕСПН 22 спектаклот и така се кандидираше за реванш со Адесања.
Витекер со бравурозен настап веќе во првата рунда му нанесе опасен удар на противникот, што подоцна му помогна да доминира во борбата.
Гастелум се покажа во подобро светло во втората рунда, но Витекер беше доминантен и Американецот одвај успеа да се одржи на нозе.
Австралиецот откако судиите со 50-45 во негова корист му ја доделија победата рече дека сака реванш со Адесања, единствениот кој славел против него во последните 7 години.
Инаку, синоќешниот е последниот УФЦ спектакл во Лас Вегас кој се одржува без присуство на публика.