Словачката скијачка сензација, Петра Влхова е победник на веќе традиционалниот слалом на Сљеме покрај Загреб, триумфирајќи пред својата прва ривалка и четирикратна победничка, Американката Микаела Шифрин.
Влхова имаше огромна предност од 1.16 секунди по првото возење на патеката „Црвени спуст“, која ја зголеми на 1.31 пред Шифрин, додека последното место на подиумот го освои Австријката Катерина Линсбергер со неверојатни 3.49 секунди послабо време.
За Влхова победата е послатка бидејќи доаѓа по две втори места во Загреб, прво во 2017 година зад сонародничката Вероника Велез-Зузулова, а потоа и лани зад Шифрин. За Влхова ова е 11. победа во кариерата и втора во 2019/20, откако триумфираше на паралелниот слалом во Сент Мориц, Швајцарија во средината на декември.
1⃣ Vlhova
2⃣ Shiffrin
3⃣ LiensbergerEcco il podio dello slalom femminile di Zagabria ✨✨✨#EurosportSCI pic.twitter.com/yUQLG7oxlw
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) January 4, 2020