Top Sport

Во саботата го имаше најдобриот нокаут во УФЦ, сега работи трета смена во аптека!

Американската УФЦ сензација, Жоакин Бакли заработи 500.000 долари во саботата за сензационалниот нокаут против Импа Касанганај, а сега се врати на својата постојана работа, како апотекар во „Волгринс“.

26-годишниот Бакли стана сензација со нокаут во саботата, и доби пофалби дури и од раперот Кање Вест, но не дозволи славата да му попречи да си ја заврши обврската.

„Немав работа, и постојано бев во вежбалната. Но, потоа сфатив дека не мора да тренирам толку интензивно, секој ден, не ми се потребни осум часа. Со два-три часа тренинг можеш да направиш многу. Затоа решив дека е потребно да имам работа и да заработувам. Работам ноќна смена“, вели Бакли за „Јаху спортс“.

Иако неговата посветеност е за пофалба, од друга страна уште еднаш покажува дека УФЦ фајтерите за висок ризик заработуваат малку пари. Бидејќи Бакли има само два меча во кариерата, тој доби 10.000 долари за мечот и 10.000 за победа, како и бонус за 3.500 долари. Професионалните боксери за споредба добиваат многу, многу повеќе.

Следна шанса за Бакли ќе дојде веќе на 21 ноември на УФЦ 255 кога ќе се бори со непоразениот Џордан Рајт.

УФЦ: Вечер на неверојатни нокаути – Бакли го „успа“ противникот

Scroll to Top