Top Sport

Роналдо се јави од карантин со мотивирачка порака покрај базен

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо насмеан покрај базен се јави од карантинот во Торино, порачувајќи: „Не дозволувајте тоа што не можете да го направите, да ви пречи во тоа што можете да го направите“.

ЦР7 беше позитивен на КОВИД-19 по мечот на Португалија со Франција во Лигата на нации, по што во средата итно се врати во Торино, каде што ќе го помине периодот на самоизолација пред враќањето на работа со Јуве.

Неговото пристигнување во Италија предизвика контроверзи, откако министерот за спорт Винченцо Спадафора, кој јавно изјави дека се сомнева во прекршување на протоколот при неговото пристигнување во земјата.

Scroll to Top