Александар Волкановски (25-2) претстојниот викенд има можност да го потврди статусот на најдобар УФЦ борец во перо категорија во историјата.
Волкановски се врати во категоријата во која беше петкратен шампион, а во сабота на настанот УФЦ 290 го очекува привремениот шампион Јаир Родригез.
Волкановски има 25 победи во 27 ММА борби, но двата порази ги претрпе во повисоките категории. Тој беше поразен и во неговата последна борба во февруари од Ислам Махачев.
Во јули минатата година, Волкановски го победи Макс Холовеј со едногласна одлука на судиите и тогаш го одбрани својот појас во перо категорија.
„Тој е голема закана бидејќи изгледаше одлично против Џош Емет, но јас не сум Џош Емет. Јас сум шампион во оваа категорија и тоа ќе го покажам во сабота навечер“, изјави Волкановски.