Top Sport

Вознијацки си ја продолжи кариерата, Гоф продолжи да импресионира

Каролин Вознијацки и Коко Гоф го минаа второто коло на првиот грен-слем во сезоната, Австралија опен.

Вознијацки која по овој турнир најави крај на кариерата во два сета со 7/5, 7/5 ја победи Украинката Дајана Јастремска. Поранешната број 1 во првиот сет направи неверојатен пресврт откако успеа да се врати по негатива во гемови од 1:5. Вознијацки во минус беше и во вториот но и тука надомести брејк негатива и успеа да победи.

Во третото коло тенисерката од Данска ќе игра против Онс Џабур.

Американската сензација, 15 годишната Коко Гоф, мина уште една пречка во Мелбурн. Таа во три сета 4/6, 6/3, 7/5 ја совлада Романката Сорана Кирстеа.

Во третото коло младата Американка ќе игра против бранителката на трофејот Наоми Осака.

Пласман во третото коло досега обезбедија Гергес, Пављученкова, Жанг, Контавејт, Квитова, Риске, Барти.

Scroll to Top