Top Sport

Фоњини разочаран од новата генерација: Не плаќам билет да го гледам „тоа“

Италијанскиот тениски ас Фабио Фоњини вели дека не е задоволен од насоката во која се движи тенисот, посочувајќи дека кога ќе се пензионира воопшто не планира да ја гледа „следната генерација“ на тенисери.

34-годишниот Фоњини вели дека е навикнат на стилот на игра кој го наметна Роџер Федерер, сметајќи дека младите тенисери диктираат игра со „форхенд и сервис-бомби“.

„Видете, ќе бидам искрен. Можеби бидејќи сум од постарата генерација, не ми се допаѓа тоа што го гледам како иднина на спортот. Сите се исти, само гледате момци кои удираат силно форхент и сервираат бомби. Тоа не ми се допаѓа. Кога ќе се пензионирам, нема да гледам ништо на ТВ, ниту пак ќе платам билет да го гледам ‘тоа’. Навистина не вреди. Би платил билет за Федерер, посебно како во старите денови. Тоа ми се допаѓаше. Не знам дали повеќе ќе го видиме некогаш“, вели Фоњини на прес-конференција на Аргентина опен во Буенос Аирес.

Scroll to Top