Најголемиот спортски настан во САД, финалниот меч во НФЛ шампионатот ќе се одигра во ноќата помеѓу недела и понеделник. 53 Супербоул финале, во кое ќе се соочат Њу Ингланд Петриотс и Лос Анџелес Ремс, ќе започне 30 минути по полноќ.
Многу рекорди ќе бидат соборени во 53 финале, а во централна фигура ќе биде легендарниот квотребек на Петриотс, Том Брејди, кој ќе собори седум лични рекорди.
Со 41 година и 183 дена тој е најстариот квотербек и најстариот член на стартната постава во едно финале. Петриотс ќе го играат своето 11 финале.
Бил Беличик деветти пат ќе ги предводи Петриотс во завршниот меч. За него ова ќе биде 12 учество во финалето.
Неговиот колега од спротивната страна Шон Меквеј ќе стане најмладиот тренер што предводел екипа во финалето. Тренерот на ЛА Ремс на денот на финалето ќе има 33 години и 10 дена.
Правата за телевизискиот пренос ги има Си-би-ес, а се очекува мечот да го гледаат 100 милиони Американци. Капацитетот на „Мерцедес Бенз“ стадионот во Атланта изнесува 70.000 седишта.
Оние што решиле да се рекламираат во текот на преносот за 30 секунди реклама ќе издвојат пет милиони долари.
Химната на САД, пред почетокот на натпреварот ќе ја пее „царицата на соул музиката“ Гледис Најт, која е родена во Атланта. Таа во својата кариера има освоено седум Греми награди, а магазинот „Ролинг Стоун“ ја вброи меѓу 100 најдобри вокали на сите времиња.
На полувремето ќе настапи бендот „Марун Фајв“ и раперите Тревис Скот и Биг Бојл.