Велосипедистот на Мичелтон-Скот, Британецот Сајмон Јејтс ја освои 15 етапа на Тур д’Франс која во должина од 185 се возеше од Лиму до Фо Прат д’Алби.
Јејтс до втората етапна победа на годинешното издание на трката околу Франција стигна со време од четири часа, 47 минути и четири секунди. Зад победникот 33 секунди задоцни Тибо Пиноа, а тре низ целта мина Микел Ланда.
Носителот на жолтата маичка Жулијан Алафилип 15 етапа ја заврши на 11 место. Актуелниот првак Грејент Томас седми ја мина целта но успеа да ја намали предноста на Алафилип една минута и 35 секунди.