Top Sport

Втора супер-џи победа едноподруго за Гут-Бехрами

Швајцарската скијачка дива, Лара Гут-Бехрами стигна до својата втора последователна супер-џи победа во Светскиот куп, освојувајќи ја својата 28. победа во кариерата во домашниот ски-центар Кран Монтана пред Австријката Тамара Типлер и Италијанката Федерика Брињоне.

По второто место на саботниот спуст на падините на Мон Лашо, и 14 дена по победата во Санкт Антон, Гут-Бехрами имаше време од 1:15.63, за 0.93 секунди пред Типлер, додека Брињоне, актуелната шампионка од Светскиот куп беше трета со 1.02 секунди послабо време.

За 29-годишната Гут-Бехрами ова е трета супер-џи победа на домашен снег по Санкт Мориц (2008) и Ленцерхајде (2014) и сега е лидер во дисциплината со 245 поени, поминувајќи ја сонародничката Корин Зутер, која беше само 9-та денеска.

Scroll to Top