Сагата околу „Понтијак Силвердоум“, еднаш сметан за најдобриот стадион на светот, заврши. Во вториот обид стадионот „имплодираше“ и почнува процесот на чистење на околината и изградба на нови проекти во малиот град Понтијак во близината на Детроит.
Сепак, компанијата која го изведуваше рушењето „Адамо груп“ во вториот обид успеа да го „кутне“ стадионот на кој играше НФЛ тимот, Детроит лајонс, но се играа и натпревари од СП во фудбал во 1994 година. Доколку не успеше и вториот обид ќе се преземеше „рачно“ рушење.
„Силвердоум“ беше оставен на судбината од 2003 година, кога Лајонс се преселија на друг стадион. Подолу можете да ја прочитате приказната за стадионот.
Разурнувањето не успеа – „Понтијак Силвердоум“ уште стои (видео)