Top Sport

Вуелта: Деби победа за Родригез, Ерада уште еден ден во црвено

Шпанскиот дебитант Оскар Родригез направи изненадување на тешкото искачување Ла Кампенора за да ги остави зад себе Рафал Мајка и Дилан Тојнс и да триумфира на 13. етапа на Вуелта Еспања, додека неговиот сонародник, Хезус Ерада остана во црвено по првата од трите планински етапи во Шпанија.

Лидерот Ерада (Кофидис) изгледаше намачено кога ја помина целта со 4 минути зад победникот, по што неговата предност пред Британецот Сајмон Јејтс (Мичелтон-Скот) се намали на 1:42, откако тој ја загуби директната борба со Наиро Квинтана (Мовистар) на според многумина, најстрмниот финиш во професионалниот велосипедизам.

Квинтана сега е трет во генерален пласман пред својот колега од Мовистар, Алехандро Валверде, кој заостана 11 секунди.

Scroll to Top