Австралиецот Сајмон Кларк е победник на петтата етапа на Вуелта Еспања по трилер-завршницата со спринт, додека Французинот Руди Молар направи изненадување и ја презеде лидерската црвена маичка од Полјакот Михал Квјатковски.
Шест години по првата етапна победа на Вуелта, ветеранот Кларк стигна до втората, откако по 188.7 километри од Гранада до Рокетас дел Мар во Андалузија успеа да ги победи Холанѓанецот Бауке Молема (Трек-Сегафредо) и Италијанецот Алесандро де Марки (БМЦ) за да ја донесе првата победа за неговиот ЕФ-Драпак тим оваа сезона.
Кларк во тандем со Молема успеаја да го фатат Марки на надолнината пред последното искачување на 50 километри пред финишот. Тројцата искусни велосипедисти потоа се бореа до последно за етапната победа.
„Работев напорно за да останам во елитниот велосипедизам од последната победа тука, но не успеав да ја повторам. Денеска ѕвездите ми се наклонија иако не верував дека е можно. Нозете ми издржаа и вечерва ќе прославам“, вели 32-годишниот Кларк.
Французинот Молар (Групама-ФДЈ) го освои шестото место зад водечкото трио со осум секунди заостанување, но дури 5 минути пред главната група во која беше Квјатковски (Тим Скај). 28-годишниот Молар сега има 1:01 предност пред Квјатковски, откако Скај направија тактичка одлука да не тргнат во „потера“ по него во уште еден непредвидлив ден на ридестиот предел во јужна Шпанија.
⚡ Etapa 5 | Stage 5 #LaVuelta18
?? Vive el último kilómetro de la victoria de @SimoClarke gracias a @CarrefourES
?? Live the last km. of Clarke’s victory thanks to @CarrefourES#CarrefourConLaVuelta pic.twitter.com/Ob2ZfjsQX8— La Vuelta (@lavuelta) August 29, 2018
? #LaVuelta18 pic.twitter.com/WKm86Ssf03
— La Vuelta (@lavuelta) August 29, 2018
? Etapa 5 | Stage 5 #LaVuelta18
??
+ info ➡️ https://t.co/7s84I3FjHm pic.twitter.com/9xqUoB6Hvc
— La Vuelta (@lavuelta) August 29, 2018