Украинскиот министер за внатрешни работи, Дмитро Кулеба ја нарече одлуката на Вимблдон шампионатот да дозволи настап на руски и белоруски тенисер „неморална“ и побара британската влада да не им издава визи на тенисерките и тенисерките за да не можат да влезат во Велика Британија.
Ол Ингланд клубот и Британската тениска асоцијација (ЛТА) беа казнети откако лани не им дозволија влез на спортистите од овие две земји, а Вимблдон се играше без рејтинг-поени. За оваа година, по преговорите со АТП и ВТА, организаторите потврдија дека тие ќе можат да играат како неутрални спортисти, односно треба да потпишат декларација за неутралност. Украинците не се задоволни.
„Одлуката на Вимблдон да дозволи учество на руски и белоруски тенисери и тенисерки е неморална. Дали Русија престана со агресијата или злосторствата? Не, Вимблдон реши да им угоди на два соучесници во криминал. Бараме од британската влада да не им издаде визи на нивните тенисери“, напиша Кулеба на Твитер.